Живoт пoлн тpaгeдии: Пpвaтa coпpyгa и ќepкaтa мy зaгинaлe пpeд Божиќ, cинoт му ympeл oд тymop на мoзoкoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Правникот Џо Бајден (77) како кандидат за американски претседател се истакнува со своите години и трагедиите кои што му го одбележале животот.

Џо во вторникот го посетил гробот на својот син во Јужна Каролина. Тој починал во 2015-та година на 47-годишна возраст од тумор на мозокот. Но, не е тоа единствениот член од неговото семејство чиј гроб го посетил Џо непосредно пред изборниот ден.

Кандидатот на американски претседател во 1966-та година заршил правен факултет, а набрзо откако ја земал дипломата ја запросил својата долгогодишна девојка Неила Хантер. Се венчале истата година и го прошириле своето семејство со два сина, Бо и Хантер, а потоа и ќерката Наоми.

Сопругата му била најголема поддршка на Џо додека ја градел политичката кариера и имале идиличен брак и семеен живот. Но во 1972-та година во време на празниците доживеале голема трагедија.

Само една седмица пред Божиќ, Неила тргнала на купување со своите син и ќерка, а додека биле во автомобилот во нив удрил камион. Сопругата и ќерката на Бајден починале на местото на несреќата, додека пак неговиот син бил тешко повреден. Неила и Наоми се погребани на гробиштата во Гринвил, каде што Џо подоцна го погребал и својот син.

Претседателскиот кандидат немал многу време за тагување по луѓето кои што ги изгубил, затоа што морал да се посвети на своите синови, а три години по трагедијата тој повторно нашол верба и љубов.

Ја запознал сопругата Џил, со која што е во брак од 1977-та година. Таа му помогнала во растењето на неговите синови, а во 1981-та година ја добиле ќерката Ешли која што е социјален работник.

Синот Хантер (50) тргнал по стапките на својот татко, па завршил право и работи како адвокат.

Неговиот покоен син исто така завршил право.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This