Царовска го оcaкати образованието, наместо да им пренесат знаење на децата, тие само ги оценуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради пaндемијата со КОВИД-19 учебната година започна со многу проблeми, но никој од надлежните не понесе одговорност за тоа. Иако владата и министерката за образование, Мила Царовска најавуваа ефикасен образовен процес, сепак на дело не се покажа така. Иако според Министерството за образование и наука не може да има физичко присуство на деца во училиштата, сепак до нас стасаа информации дека одредени наставници поради неможноста да оформат оценки за учениците им закажуваат на учениците тестирање во училиштата.

-Моето дете е шесто одделение. Наставничката по македонски јазик за следната недела им закажа тестирање по овој предмет за да им се оформи првична оценка. Според информациите кои ги добивме ќе бидат поделени во две групи по десетина деца. По ова кај родителите се појавија низа прашања. Како може да се закажува тестирање кога МОН тоа не го дозволува?, ни раскажа родител.

За овој случај друг родител ни ја потврди оваа информација и додаде дека нај нив се појавиле уште низа други прашања.

-Кој ни гарантира дека здравјето на нашите деца ќе биде безбедно? Како да знаеме дека некој од децата немал контакт со лице позитивно на КОВИД-19 или дека некој од домашните не е позитивен на вирусот? -се едни од прашањата кои се појавуваат кај родителите.

За потсетување прво, почетокот на учебната година не започна како другите години на 1-ви септември туку месец покасно. Откако започна учебната година на почетокот на октомври кај учениците се појави проблем со он-лајн учење. Околу 40.000 ученици немаа ИТ-уред за следење на наставата. Оние ученици кои ја следеа настава од дома се соочуваат со проблеми со платформата како што беа неможност за најавување, паѓање на платформата и слично. Ова покажува дека иако МОН и Царовска не беа способни да го организраат образовниот процес, сепак за нив е најважно тестирањето на ученицете

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This