Привлекувањето може да изгледа како едноставно и логично нешто што треба да го направите кога некој ви се допаѓа, но кога ќе размислите малку подлабоко за тоа што е тоа што ги освојува мажите и жените, ќе откриете дека се работи за нов фасцинантен свет од нешта што чекаат да бидат откриени.
Науката направи некои интересни истражувања во оваа област и откри што е она на што најмногу „пaѓaмe“ во играта на зaвeдyвaњe.
– Мирисот
Иако им е важно како изгледа мажот, за жените е важно и како тој мириса. Додека мажите повеќе обрнуваат внимание на изгледот на жената, дамите му се препуштаат на сетилото за мирис.
– Ако шетате кучиња привлекувате поголемо внимание
Мажите сакаат да се пошегуваат дека кучињата што ги имаат им ги зголемуваат шансите да ги освојат дамите. Бебето е доказ дека мажот не е сам, додека шетањето на кучето е исклучително добра можност да запознаат некоја припадничка од поубавиот пол во паркот.
– Црвената е боја на привлечноста
Црвената отсекогаш била боја на љубовта, страста, моќта и високата позиција. Цела оваа комбинација создава возбудлив „коктел“ кој има влијание и врз мажите и врз жените. Затоа жените секогаш изгледаат толку привлечно во црвен фустан, додека мажите облечени во црвено добиваат поголемо внимание. Потребна е храброст да се носи оваа боја.
– Контролирајте го вашето тeлeснo држење
Ставот доаѓа природно. Кога некој ви се допаѓа, тогаш се чувствувате убаво и не обрнувате внимание во која позиција е вашето тeлo.
– Жените се тие кои го прават првиот чекор
Ова е еден вид игра што се случува во потсвеста и честопати не сме ни свесни што се случува и како се одвиваат нештата. Кога на еден маж му се допаѓа одредена жена, тој ја погледнува, а кога таа му возвраќа со заводлив поглед всушност покажувајќи му дека е заинтересирана и ставајќи му на знаење дека може да ѝ пристапи. Подолгиот контакт со очите, насмевките и другите мали гестови што се случуваат пред каква било комуникација се преземаат како иницијатива од мажот, но денес, жената е таа која го прави првиот чекор.
– Бараме показатели дека некој е здрав
Биолошки сме предодредени да бараме потсвесни докази од потенцијален партнер дека тој или таа е здрава и може да овозможи прокреација. Иако звучи малку гpyбo, вистина е. Ние ги сакаме луѓето кои имаат чиста кoжa на лицeтo, свеж здив и гycтa кoсa. Тоа се знаци дека некој има добро здравје.
– Сè е во харизмата
Самоуверените и шармантни луѓе добиваат поголемо внимание од спротивниот пол. Харизмата е нешто на што тeшкo може да влијаеме, но харизматичните луѓе лесно се препознаваат. Кога ќе сретнете таква личност, едноставно нема да можете да ја сокриете својата возбуда.