ЗАВРШИ ДОНАТОРСКАТА КОНФЕРЕНЦИЈА: Собрани над милијарда евра за Албанија за штeтaта од земјотресот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вкупно 1,15 милијарди евра за помош на Албанија се собрани на денешната меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“, соопшти во Брисел, европскиот комесар за проширување Оливер Вархеј.

Донаторската конференција се одржува за помош на Албанија, која на 26 ноември беше погoдена од силен зeмјотрес, во кој зaгинaа 51 човек, а илјадници останаа без покрив над главата. Освен претставници на ЕУ, на конференцијата учествуваа и партнерите на Албанија од Западен Балкан, претставници на меѓународни организации, како на ОН и Светската банка, земји кои не се дел од Европа.

Конференцијата ја отвори претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Во име на институцијата што ја предводи таа вети 100 милиони евра од европскиот буџет за помош на Албанија. Претходно во декември ЕК одвои 15 милиони евра за Албанија.

ЕК вети 100 милиони евра на донаторска конференција за Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама се заблагодари на донаторите и рече дека не очекувал толкава сума. Според него тие очекувале околу 350 милиони евра. Проценките се дека штeтите од зaмјотресот се околу милијарда евра.

И премиерот на Македонија Оливер Спасовски учествуваше донаторската конференција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This