Заврши конгресот на СДСМ, има многу нови имиња меѓу кои и лекари и спортисти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денешниот 26. конгрес на СДСМ што се одржа онлајн поради корона пандемијата заврши, а во секој момент се очекува да почне седницата на Централниот одбор по што прес-конференција треба да одржи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Заев ќе ги соопшти сите одлуки и новите кадровски промени.

Од СДСМ за МИА додаваат дека во Централниот одбор има многу нови имиња, повеќе од две третини. Меѓу избраните функционери застапени се лекари, спортисти,…, а се водела сметка и за родовата и возрасната еднаквост.

Лукаревска е избрана со 682 гласа „за“ и два „против“, по предлог на партискиот лидер, Заев. Лукаревска доаѓа на местото на Радмила Шекеринска која беше на оваа позиција два мандата, од 2013 година.

Во почетниот дел од конгресот кој беше отворен за јавноста, Заев порача дека следува обновување на кадровската понуда на СДСМ и охрабрување на различно мислење.

До конгресот на СДСМ денеска предлагаме 120 кандидати за членови на Централниот одбор и девет кандидати за членови на Надзорниот одбор. Следува обновување на досегашната кадровска понуда на партијата, охрабрување на различно мислење, но и градење на СДСМ за новото време. Од овие 120 кандидати, 60 се жени, 60 се мажи, а 45 се млади. Покрај целосно еднаква застапеност на жените и мажите, имаме и 37,5 проценти застапеност на младите, истакна Заев.

Како што дознава „360 степени“, директорот на ФЗОМ Стево Крстевски, Никица Бачовски, директор на Платежната агенција, Диме Коцев, директор на болницата во Кавадарци… се некои од новите членови на Централниот одбор на СДСМ што е избран попладнево.  Од актуелните градоначалници, според информациите  на „360 степени“, во ЦО е избран и Стефан Богоев од Карпош, како и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов. Од членовите на Владата, во ЦО како нови членови влегуваат вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за здравство Венко Филипче, кои се  нови потпретседатели. Во ЦО остануваат и министерката за образовани Мила Царовска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски … Член на ЦО ќе биде и заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски. Од пратениците, извесен е изборот на Костадин Костадинов за член на ЦО. Во раководството на СДСМ останува и поранешната пратеничка Тања Томиќ…

Во партискот штаб на СДСМ почна првата седница на новиот ЦО, на која треба да биде избран новиот состав на Извршниот одбор, како и новите потпретседатели и секретари на владејачката партија.

Во новиот состав на Надзорниот одбор на СДСМ, пак останува досегашниот претседател на ова тело, Горан Сугарески, кој е сега директор на Царинската управа. Меѓу новите членови на НО се Викторија Мадиќ и Бајрам Мустафов…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This