Заврши судckиот cпop меѓу АстраЗенека и Европската комисија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската комисија и „Астра зенека“ денеска објавија дека постигнале договор за испорака на преостанатите дози на вакцини против ковид.

Ова го заврши тековниот судски спор откако Европската комисија во април оваа година започна правни постапки против „Астра зенека“ за непочитување на договорите за испорака на вакцини и бидејќи компанијата, според Европската комисија, немала „сигурен план“ за да обезбеди навремена испорака.

Договорот ќе ѝ овозможи на Европската унија да ја забрза својата програма за вакцинација.

ЕК објави дека, според новиот договор, земјите-членки ќе добиваат редовни испораки, а доколку има задоцнување, компанијата се обврзала на ограничен попуст.

„ Постојат значителни разлики во процентот на вакцинирани меѓу нашите земји-членки и достапноста на вакцините, вклучувајќи ја и „Астра зенека“, е од клучно значење“, рече комесарот за здравство и безбедност на храна, Стела Киријакиде.

Според договорот, „Астра зенека“ се обврза да испорача 60 милиони дози од вакцината до крајот на третиот квартал оваа година, 75 милиони до крајот на годината и 65 милиони дози до крајот на првиот квартал следната година.

„ Денешниот договор гарантира дека „Астра зенека“ ќе ги достави преостанатите 200 милиони дози вакцини до Европската унија“, рече комесарот за здравство Стела Киријакидес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This