ЗАГАДУВАЊЕТО НЀ УБИВА: Зголемен бројот пациенти со тумор на белите дробови, дишното стебло и полипи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Расте бројот на пациенти кои имаат тумори на белите дробови. Оние кај кои се дијагностицирани тумори на дишното стебло или полипи често поради гушење, завршуваат смртно, додека стигнат на операција. Ваквите итни случаи ќе можат да се спасат со новата апаратура, односно со методата преку првично замрзнување на туморот, па негово вадење, интервенцијата е брза и ќе трае две минути. Директорот на универзитетска клиника за пулмологија и алергологија вели дека очекуваат да имаат повеќе од 50 пациенти годишно, новата метода ветува спас на човечки животи.

-Има огромен број на тумори на белите дробови, не се сите погодни на овој начин. Сите што растат во самиот бел дроб, можат на овој начин да се дијагностицираат или да се третираат. Да се редуцира ткивото од туморот, оние кои се надвор од дишното стебло, што се во самото ткиво белодробно тие секако ќе мора да се отстранат хируршки или да се зрачат, ако се погодни за тоа или со хемотерапија да третираат. Овдека зборуваме за сите врсти и бенигни тумори и полипи и малигни тумори, сите оние опструкција што прават што растат во самото дишно стебло и што го затнуваат. Ние го реканализираме му овозможуваме на пациентот да живее, да дише – рече д-р Дејан Докиќ, Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија.

Пет доктори веќе се спреми да работат со новата апаратура, биле на едукација во Детроит и Хамбург.

-Неколку апарати кои овозможуваат да се направат неколку интервенции биопсија да се земе, реканализација на ткивото и отстранување комплетно на туморот, изјави Штефан Хабисрејтингер од Истражувачкиот центар Ербе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This