ЗАГИНА ХЕРОЈОТ НА ДОЊЕЦКАТА НАРОДНА РЕПУБЛИКА: Киевската хунта во терористички напад го уби легендарниот командир Гиви

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Командирот на единицата „Сомали“ Михаил Толстиј е убиен во терористички напад организиран од Украинската хунта, соопшти информативната агенција на Доњецк, повикувајќи се на оперативната команда на Доњецката Народна република

Givi_Donjeck

„Денес во 6.02 часот во терористички напад загина херојот на ДНР, командирот на батаљонот „Сомали“ полковникот Михаил Толстиј, познат како Гиви. Ова е продолжеток на терористичката војна која ја започна киевската хунта против Донбас“, се наведува во соопштението.

Експлозијата се случила во куќата во која живел командирот.

Лидерот на ДНР Александар Захарченко повика итен состанок на Владата поради терористичкиот напад. Засилени се мерките на безбедност во градот.

Во тек е истрага.

Претходно беше објавена информација дека Гиви учестувал во борбите во Авдјевка кога бил полесно ранет.

Ова не е прв терористичка напад во Доњецк, во кој гинат командири на востаниците. Во октомври минатата година беше кренат во воздух лифт, во кој загина командирот на батаљонот „Спарта“ Арсен Павлов (Моторола).

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This