ЗАДАЧАТА НА ВЛАДАТА НА ЗАЕВ Е ДА ГИ УРНИСА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ: Заев ја отвори пандорината кутија со македонските национални интереси!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ) преку пишано соопштение му порачува на премиерот Зоран Заев дека со прифаќањето на заедничката историја со Бугарија и заедничкото славење на празниците ја потврдил тезата „един народ-две држави“ и ја отворил „пандорината кутија“.

„Граѓанската опција за Македонија, веќе две години предупредува дека во Република Македонија ќе се инсталира марионетска влада“ – ова денес во партиското седиште на ГРОМ го изјави претседателот на партијата Стевчо Јакимовски. Во својата изјава пред медиумите, Јакимовски нагласи дека задачата на таквата влада е да ги урниса македонските национални интереси и да „им ја заврши работата“ на соседите.

Вчера, претседателот на квинслишката влада Зоран Заев, наместо да оди во Росоман, Кавадаречко кај производителите на праски кои го фрлаат својот род по улиците, затоа што цената на килограм праски е 3 денари, тој отиде во Софија, Бугарија да ги продава македонските национални интереси, нагласи Јакимовски.
Со еден потег, продолжи лидерот на ГРОМ, премиерот Заев ги „помножи со нула“ и претседателите на Република Македонија Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и „ иконата“ на СДСМ Бранко Црвенковски и сите претходни премиери и како „најпаметен“ прифати се што Бугарите му побараа. По сето ова, нормално е Бугарите да го фалат Заев , зошто ваков како него тие бараат од 1944 година наваму.

Господине Заев, со прифаќањето на заедничката историја со Бугарија и заедничкото славење на празниците им ја потврдувате тезата „един народ-две држави“! За каква заедничка историја зборувате? Заедно ли ги стрелавме 13-те младинци од Ваташа? Заеднички ли ги мачевме, па потоа стрелавме 19 –те селани од село Дабница, Прилепско? Дали заедно ги убивме Страшо Пинџур, Мирче Ацев? Заедно ли го фрливме од вториот спрат на полициската станица во Скопје, Цветан Димов? Заедно ли го убивме водачот на македонското револуционерно движење Кузман Јосифовски- Питу кој е убиен на 800 –тини метри оттука? Кој ги уби браќата Диневи и нивните соселани од селото Долани, Штипско? Впрочем, заедно ли ги депортиравме 7.144 еврејски души во Треблинка?! , запраша првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски.
Понатаму, лидерот Јакимовски истакна дека можеме да зборуваме за национално помирување како тоа што го направија Франција и Германија, но не за заедничка историја. Нека повели премиерот на Бугарија Бојко Борисов да се поклони пред споменикот на ваташките младинци, а не пред Цар Самоил.

Илинден можеме да го славиме како заеднички верски празник, зашто и Бугарите го слават Св. Илија, но никако како илинденско востание. Што ќе славиме заедничко на Илинден: тоа што Бугарите ги прелажаа Илинденците? ,,Само вие дигнете востание, ние ќе ви пратиме 100.000 штикови (војници) да помогнат во ослободувањето на Македонија“?! Заеднички ќе треба ли да ја славиме бугарската измама, за да се крене востанието и да бидат убиени најголемите македонски револуционери, за потоа, на нивно место да се инсталираат пробугарски револуционери?!, запраша Јакимовски.
На крајот лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски исто така упати неколку прашања: од која историја ќе учат учениците? Кој ќе им ги пишува учебниците? Дали бугарските историчари, додека нашите ќе ги прогласиме за фалсификатори? Господине Зоран Заев- свесно ја отворивте „Пандорината кутија“ .

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This