ЗАЕВ БИЛ ЕКСПЕРТ ВО СИТЕ ПОЛИЊА: Зоран Заев на чело на тело за спроведување на реформи кои треба да го партизираат судството!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната пресконференција во Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски, портпарол на Владата, изјави дека престанува да постои Советот за реформи во судството кој беше помпезно најавуван при формирањето, но потоа беше искритикуван и од луѓето кои го сочинуваа тоа тело.

По таквиот неуспех и излегувањето на професорите Калајџиев и Најчевска од ова тело, Владата денес најави формирање на ново тело, со кое ќе претседава лично Заев, а кое ќе има за задача да го заврши она што етичкиот кодекс на професорите не им дозволуваше – целосна партизација на судството во Македонија и негово ставање под капата на СДСМ.

– Кон крајот на јануари ќе се формриа ново тело или Совет за следење на имплементацијата на стратегијата за правосудство за период 2017 – 2022, со ова тело ќе претседава лично Претседателот на Владата Зоран Заев, изјави Бошњаковски од денешната пресконференција од Владата на Република Македонија.

Професорот Калајџиев, кој исто така беше изманипулиран од идиеологијата која ја продаваше СДСМ за време на шарената револуција виде дека живеел во заблуда. Денеска истиот излезе со уште една изјава околу волјата на Владата за реформи, како што пренесува ТВ 21 Калајџиев изјавил:

– Владата нè измами со таканаречени реформи и жал му е што се фатил на такви лаги.

Калајџиев во целост ја демаскира вистинската намера на Владата и кажува и дека формриањето на ОТА наместо УБК е всушност само маска.

Имено според него ОТА не сменува ништо во Македонија, бидејќи, ќе се злоупотреби како и УБК, ќе си дојдат истите лица од УБК и суштински ќе биде истото со ново име.

Дека Советот е само параван, за прикажување на лажна демократија, транспарентност и професионалност, а всушност вистинските чекори ги влече некој од страна кажа и професорката Најчевска уште при напуштањето на Советот, при што изјави:

Професорката Најчевска, која исто така го напушти Советот за реформи поради неговата нетранспарентност и лажната волја за реформи, по денешната пресконференција на Бошњаковски во изјави за Макфакс изјави дека ниту еден член на Советот за спроведување реформи во правосудството не бил консултиран за законските решенија кои Владата ги доставува до Собранието. Работните групи кои биле формирани не давале информации што работат, а, пак, во законодавниот дом се носат закони без Советот воопшто да ги види. Единствено нешто што поминало на Советот била стратегијата за реформи на правосудниот систем, но и таа точка не била долго разговарана.

Професорката Најчевска исто како и професорот Калајџиев вели дека таа и нејзините колеги биле изиграни и вели дека Советот постои само формално, но не е дел од реформирањето.

– Освен за залажување на граѓаните дека одреден број извикани имиња и експерти кои се препознаени како стручни лица во својата област се вклучени во реформите, јас не гледам никаков друг удел во реформирањето на правосудниот систем, вели Најчевска за Макфакс.

Советот доби критики и од Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители, во изјава за Тв Сител рече:

– Советот за реформи во правосудството работи многу нетранспарентно. Во Нацрт стратегијата за реформи во судството како Академија воопшто не бевме вклучени и покрај пораките дека новата Влада ќе биде транспарентна.

По искажаните ставови на професорите кои учествуваа во работата на Советот од неговото формриање може да се заклучи дека истиот бил само параван за бруталната партизација. Зборот реформи во името на Советот може слободно да се замени со зборот партизација, со што ќе го видиме неговото вистинско лице.

Очигледно Заев го зема во свои раце она што професорите не можеа да го направат- целосна партизација на судството. Партизацијата на судството е очигледна и потврдена од голем број на експерти кои не штедејќи критики реагираат на чекорите превземени од новата власт за воспоставување целосна контрола на судството. Социјал Демократскиот Сојуз постапува спротивно на препораките на ЕУ и Прибе и од Македонија прави заробена државата каде нема поделба помеѓу извршната и судската власт.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This