Заев ги мaнипyлиpa младите од СДСМ и бара од нив да му гo промовираат бизнисот со kaнaбиc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашното издание на емисија “Заспиј ако можеш” на ТВ Алфа гостуваше организациониот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски кој се осврна на моменталната политичка ситуација во државата, криминалните афери на власта, како и на лошите мерки во однос на справувањето со ковид пандемијата.

Ѓорѓиевски потенцираше дека откако СДСМ е власт во државата, граѓаните се делат на граѓани од прв ред, втор ред и така натаму. Доказ за тоа се кршењата на законите од страна на функционерите на СДСМ речиси секој ден, а како посвежи настани се носењето заболени пратеници од Ковид-19 вирусот, како и денешната случка со Саша Богдановиќ, каде јасно се гледа дека бил во кафеана во скопско Дебар Маало.

-Денес сведочевме и на една објава од страна на младината на СДСМ, каде тие гордо најавуваат легализација на канабисот за рекреативна употреба. Тоа значи дека штом тие веќе го промовираат како остварен проект, тогаш нивниот лидер Зоран Заев тоа веќе го испланирал до сама реализација. Замислете, младината го промовира приватниот бизнис на Зоран Заев, односно на човекот кој подели лиценци за одгледување канабис на целата своја фамилија, вели Ѓорѓиевски.

“За мене е несфатливо еден политички подмладок да се гордее со тоа што ќе се легализира користење на опојна дрога за рекреативна употреба. Факт е дека канабисот помага при лекувањето на многу болести и тој несомнено треба да се користи во медицински цели, но ова кое што СДММ го промовираат, само покажува колку се покорени на нивниот лидер и до која мера се изманипулирани за да му угодат на Зоран Заев и неговите бизниси”, истакна Ѓорѓиевски.

-Зоран Заев е човекот кој е најскандалозниот политичар во Република Македонија можеби и од осамостојувањето на државата. Тој е лидер на една криминална банда составена од неговите партиски соработници, кои ја користат политичката моќ за материјални придобивки врз грбот на граѓаните. Таков пример е и бизнисот со канабисот кој Зоран Заев на големо го распространува, рече Ѓорѓиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This