ЗАЕВ ГРЧЕВИТО ЈА БРАНИ ТИРАНСКАТА ПЛАТФОРМА: „За Заедничка Македонија“ разочарани што Заев не се откажа од платформата на Еди Рама!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ изрази огромно разочарување од претседателот на СДСМ, Зоран Заев поради тоа што не ја отфрли Тиранската платформа чија цел е, како што велат, редефинирање на граѓанска Македонија.

zaednicka-9-640x427

-Неприфатливо е што лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев и понатаму ја промовира платформата на Рама со која се бара воведување двојазичност на територијата на Република Македонија, се разговара за промена на знаме, химна, грб, воведување на двојазични банкноти и униформи на армијата и полицијата, како и декларација за осуда на геноцид на партизаните кои ја изградија Асномска Македонија, нашите соседи Србите, Бугарите, воведување на казни за непримена на албанскиот јазик и ред други противуставни елементи кои водат кон разградување на граѓанското ткиво на Република Македонија, напиша на ФБ граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

Во продолжение интегралниот статус на „За заедничка Македонија“:

Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија изразува огромно разочарување од лидерот на СДСМ Зоран Заев поради неотфрлањето на Тиранската платформа чија цел е редефинирање на граѓанска Македонија.

Неприфатливо е што лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев и понатаму ја промовира платформата на Рама со која се бара воведување двојазичност на територијата на Република Македонија, се разговара за промена на знаме, химна, грб, воведување на двојазични банкноти и униформи на армијата и полицијата, како и декларација за осуда на геноцид на партизаните кои ја изградија Асномска Македонија, нашите соседи Србите, Бугарите, воведување на казни за непримена на албанскиот јазик и ред други противуставни елементи кои водат кон разградување на граѓанското ткиво на Република Македонија.

Прашањата кои се државно и национално одбележје не смеат да бидат предмет на пазарање, манипулирање ниту на различни толкувања, туку за сите овие прашања потребно е да одлучуваат граѓаните.

На крај апелираме дека нема да подлегнеме на ниту една манипулација или обид на мала врата да се протнат работите кои албанските партии ги договорија во Тирана, а Зоран Заев ги прифати. Нема да помине ниту еден обид за измама на македонските граѓани. Да градиме мултиетничка, а не бинационална држава.

Бараме јасно и недвосмислено целосно отфрлање на платформата направена во Тирана. Граѓанската иницијатива За заедничка Македонија продолжува со народните протести се до целосно исполнување на нашите барања.

Се гледаме во 17 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This