Заев гo 6oли yвo зa зaмpзнaтoтo члeнcтвo нa Црвенковски, битeн мy e caмo coпcтвeниoт pejтинг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претседател и премиер и основач на владејачкиот СДСМ, Бранко Црвенковски, останува на ставот да не дава изјави за медиумите-велат од неговиот кабинет за „Република“.

-Ова е краткиот одговор од неговиот кабинет, по последниот настап на премиерот Зоран Заев во „Само интервју“ во кое уште еднаш се обиде да ги релативизира недоразбирањата со својот поранешен партиски шеф, но и да го „подучи“ како треба во иднина да делува и кому да му се обраќа. Зашто, Заев со „задоцнето палење“ од цел месец конечно забележал дека Црвенковски како поранешен шеф на државата треба да им се обраќа на граѓаните, а не на раководството и партиското членство, пренесе порталот.

Без разлика дали одговорот од кабинетот на поранешниот претседател и премиер ќе се толкува како продолжување на замрзнатото членство во СДСМ, за што актуелниот премиер забележа дека тоа е одамна замрзнато, или Црвенковски ќе се сведе на „историја“, останува непобитен фактот дека Заев може секого да измами, ама не и Црвенковски! Зашто, очигледно многу добро меѓусебно се познаваат и Бранко наизуст му ги знае и менталниот склоп и евтините муртински финти на ситен трговец.

Дотолку повеќе што реалноста потврди дека тој многу добро е упатен во тоа што се случува и во Владата и во партијата и точно, во центар погоди дека зад ставовите на Заев изнесени во скандалозното интервју за бугарската агенција БГНЕС, што беше објавено кон крајот ноември, не стои ниту Владата, нити партиското раководство и членство.

„И за да биде значењето на реакцијата на Црвенковски поголемо, во исти ден, 26 ноември, на интервјуто на Заев реагираа тројца претседатели на Македонија, двајца поранешни-Црвенковски и ѓорги Иванов-и еден актуелен, Стево Пендаровски, што не се случило во тридецениската историја на самостојна Македонија.

Обидите на Заев преку две интервјуа, и тоа за Канал 77 и тоа за „Само интервју“, да го релативизира обраќањето на Црвенковски останаа попусти. Мантрата дека за изнесените ставови во интервјуто расправал партискиот Централен одбор и тоа во неколку наврати се покажа како апсолутно неточна.

Зашто, едно е да се дискутира за односите со Бугарија, а нешто сосема друго за тоа што ќе се каже во скандалозното интервју за БГНЕС. Најблаго речено, смешно делува објаснувањето дека Централниот одбор му дал дозвола на Заев да испрати скандалозни пораки до официјална Софија, а веднаш потоа речиси се да негира“ – анализира Република.

-Провладините платенички медиумски питбули на Заев од петни жили се обидуваат сите овие негови лавирања да ги минимизираат и релативизираат, а како вишна на шлагот доаѓа последната анкета на телевизија Телма и МЦМС. Нејзините фингирани резултати го ставаат Заев во улога на Алиса во земјата на чудата или како да не е од тука. Личниот негов рејтинг измерен на 39,7 отсто е апсолутно вештачки и неверодостоен, зашто не соодветствува ниту со процентот на незадоволни граѓани од првите 100 дена работа на актуелната Влада, нуту со просечната оценка за тоа сведена на 2,4 отсто, ниту со вкупното опозиционо расположение на граѓаните од 29,6 отсто, што е незначително, но сепак поголемо за 0,5 проценти од тоа што значи наклонето кон власта. Колку и да се филуваат нештата, граѓаните сепак знаат да прочитаат што е лажна вест, анализира Република.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This