April 28, 2024, 10:39 am

ЗАЕВ ИЗБЕГА ОД СУДЕЊЕТО ЗА „ПОТКУП“: Најави реизбор на судии и инсталирање на партиски послушници, а бега и се крие од судењето за „едно евро за Вицето“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес беше повторно одложено рочиштето за случајот „Поткуп“ во кој Заев, според Обвинителството, во својство на градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по две евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира.

potkup-640x341
Во судот се појави Зоран Заев за да не остави впечаток дека бега од правдата, како многупати досега, но судењето повторно како и многу пати досега не се одржа бидејќи адвокатите на Заев не присуствуваа на рочиштето. Двајца од нив мистериозно се разболеле, а третиот тргнал кон Скопје, но му се расипал автомобилот.

Претходно адвокатите на Заев имаа неодложни патувања баш на рочиштата, па некогаш Заев беше отсутен исто така баш на рочиштата за „Поткуп“. Секогаш имаше некаква причина поради која, ете баш овој случај никако не може да дојде на ред за судење.

Овој евтин обид за лажење на публиката е уште еден доказ дека Заев ја потценува објективната јавност мислејќи дека може да и продаде приказни како таа за партизираноста во судството и немањето правда, кога тој е оној кој бега од соочување со правдата.

Граѓаните со право заклучуваат дека Заев веројатно мисли дека со генерален реизбор на судии, ако СДСМ дојдел на власт, единствено може да се спаси од затворска казна за своите криминали.

Судијката го одложи судењето за 2 декември, на што Заев реагираше и побара рочиштето да не биде во изборна кампања затоа што мора да присуствува на митизни кои се надвор од Скопје и ако може да се одложи по изборите, на 12 декември. По ова, судијката закажа два термини, 2 и 20 декември.

Половина од парите, како што стои во обвинението, требало да бидат за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This