Заев и натаму ја спроведува Тиранската Платформа: Децентрализацијата не е само документ, туку инструмент за реална промена за подобар живот граѓаните во локалните заедници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република С Македонија, Зоран Заев, на покана на организаторите, денеска се обрати на годишната конференција за децентрализација што се одржа во Скопје.

На конференцијата зедоа учество и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, градоначалници на општините, претставници на ЗЕЛС и на локалните самоуправи во Република С Македонија, како и амбасадорот на ЕУ во Република С Македонија, Самуел Жбогар, и постојаната претставничка на УНДП во нашата земја, Нарине Сахакјан

Во прилог на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев во целост:

Заложбата на Владата за зајакнување на локалните самоуправи и префрлањето на дополнителни надлежности од централно на локално ниво е од особена важност кога зборуваме за ефикасна и ефективна поддршка при обезбедување услуги и подобрување на квалитетот на живот на секој поединец на локално ниво.

Владата ги охрабрува и поддржува локалните власти во напорите да допрат до потребите на различните категории на граѓани и да овозможат канализирање, утврдување и адресирање на проблемите преку поттикнување на активното граѓанско учество во носење на одлуките со фокус на поединецот.

Локалните самоуправи се особени важни кога вистински дебатираме и се заложуваме за успешно ЕУ интегрирање, и тоа не само како стратегија (документ) на лист хартија, туку и како реален импакт за подобар живот за сите на сите општествени нивоа.

Ние како Влада се заложивме за брзо и ефикасно усвојување и имплементирање на 17-те глобални стратешки цели кои опфаќаат различни аспекти од социјалниот и економскиот сфера, како и животната средина. При тоа, поддршката и стратешкото партнерство со нашите пријатели од ЕУ и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) е од исклучителна важност. И понатаму, со здружени сили ќе работиме споделувајќи исти цели и визии.

Владата на Република С Македонија е цврсто определена да го одржи континуираниот рамномерен регионален развој и квалитетен живот за сите наши граѓани, во оваа наша убава земја, без разлика дали живеат во град, село или мало населено место.

Оваа Влада го откочи процесот на децентрализација и го отвори дијалогот за подобрување на системот на локалната самоуправа зашто е уверена дека нема локален развој и демократија без вистинска децентрализација.

Процесот кој што беше поттикнат со Охридскиот рамковен договор и со Уставните амандмани во 2001 година, успешно беше заокружен во 2005 со пренесувањето на многу суштински надлежности на општините. Ова беше една од нашите успешни приказни која што беше позитивно оценета и од меѓународната заедница.

Децентрализацијата на власта беше еден од клучните, суштински придонеси за обезбедување на кандидатскиот статус земјата за членство во Европската Унија.

За жал токму кога требаше процесот на децентрализација да се развива и постојано да се подобрува, да ги покаже придобивките со развој на општините демократизација на општеството, претходната Влада целосно го тргна од својата политичка агенда.

Наместо рамномерен развој на целата територија на државата, побрз развој на општините и на планските региони, на врвот на Агендата беше ставен проектот Скопје 2014.

За сметка на централното градско подрачје во Скопје и потрошени 800 милиони евра на нефункционални објекти, целосно беа запоставени општините кои што продуцираа огромни долгови.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This