На последниот ден од предизборната кампања, Зоран Заев реши да е посвети на ветувањата кои ги даваше пред Албанците во Македонија но и во дијаспората, па завршниот митинг го организираше во скопско Арачиново
По селфито во Диво Насеље со јатаците на терористите, лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва имаше селфи сесија и со арачиновци на митингот на СДСМ, не испуштајќи ја можноста да се фотографира и со локалните криминалци и нарко босови, во скопското село пред стапување на изборниот молк.
Неки Џељиљи, човекот фотографиран во првите редови на митингот на СДСМ, во друштво на Зоран Заев и Оливер Спасовски, како што дознаваме од полициски извори е лице добро познато на органите на прогонот како дилер на дрога, а за локалните жители важи и за „нарко бос“.
Кампањата на СДСМ заврши исто како и што започна, фокусот на најголемата македонска опозициска партија беше ставен на интересите на Албанците, но и на криминалното подземје од Македонија и соседството. Со ветувањата за двојазичност на целата територија и кантонизација на Македонија, што според сите експерти ќе значи рекомпнирање на државата и можност за нејзина поделба, Заев атакува на албанските гласачи во пресрет на изборите закажани за во недела.