ЗАЕВ КОНТРА ЗАЕВ: Вчера едно, денес друго, Заев се премисли за преименувањeтo на училиштата во Чаир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После вчерашната изјава дека промената на имињата на училиштата е спротивно од Законот, денеска на својот профил на Фејсбук напиша дека после темелна анализа и консултација со правни тимови, констатирано е дека немало потреба од Бадентер и дека промената е согласно законот.

„Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир.

После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование. Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно.

Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја.

Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење нaционализам и поделби.

СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот.“, напиша Заев.

Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир. После…

Posted by Zoran Zaev on Wednesday, March 4, 2020

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This