- Advertisement -
Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција истакна дека ДУИ не треба да се лаже дека ќе биде победник на предвремените парламентарни избори.
„Јас би му порачал на нашиот сегашен коалиционен партнер да не го лаже паметот, коалицијата СДСМ – Беса и другите партии ќе биде победник на овие избори, не ДУИ. И тоа во 6-тата изборна единица каде што најмногу се мерат влијанието на втората етничка заедница, на албанската, по големина во државата“, додаде Заев.