ЗАЕВ МУ ТУРИ ПЕПЕЛ НА ЗАЕВ: СДСМ ќе ја задолжувале државата со кредити ако дојдат на власт, и тогаш нема да зборуваат за „грчко сценарио“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија ќе зема нови кредити ако СДСМ дојде на власт. Ова денеска за медиумите го изјави лидерот на најголемата опозициска партија Зоран Заев.

zoran-zaev-bankii

-Не дека во Македонија ќе нема нови кредити. Ќе мора да има. Но тие ќе бидат само за капитални инвестиции и проекти кои што ќе враќаат пари во буџетот на Македонија. Тоа е рационалниот пристап, истакна Заев.

Инаку, токму опозициската СДСМ е најголемиот критичар на власта за јавниот долг. Тие постојано истакнуваат дека на земјава и се заканува „грчко сценарио“, иако податоците на европската статистика покажуваат дека Македонија е меѓу најниско задолжените земји во регионот и во Европа.

Во реакција обвинувањата на опозицијата за висината на јавниот долг, Министерството за финансии минатата недела истакна:

-Изминативе години Македонија има интензивни инвестициски активности во инфраструктурата, како изградбата и рехабилитацијата на патните и железничките делници на Коридорите 8 и 10, изградбата на регионални и локални патишта, гасификацијата. Обезбедени се средства за изградбата и модернизацијата на клиничкиот центар Мајка Тереза и регионалната клиничка болница во Штип, за проектот Подобрување на општински услуги итн. Македонија преку кредит од Европската инвестициска банка во вредност од 350 милиони евра, во време на светската криза, кога капиталот беше тешко достапен, го поддржа приватниот сектор со пласирање на субвенционирани кредити на малите и средни претпријатија, се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Тогаш од Министерството ја прашаа опозициската партија на што ги потрошиле кредититите што тие ги земале кога биле на власт. Инаку во 2005, при промена на власта државниот долг изнесуваше 2 милијарди евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This