April 26, 2024, 12:57 pm

Заев: Над 7000 проекти реализирани во Општините во изминатите четири години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Над 7000 проекти во изминатите четири години се реализирани во општините, а во Берово е елиминиран долгот на Општината од 80 милиони денари. Ваквата поддршка за општините, како што најави претседателот на СДСМ Зоран Заев на вечерашнава граѓанска трибина во рамки на претставувањето на кандидатот за градоначалникот на Берово, ќе продолжи и во наредниот период.
-Колку се работеше во општините во овие четири години може да се мери со претходните мандати затоа што ги вративме долговите. Се реализираа 7000 проекти на локално ниво во целата држава, заради што видливи се реализираните проекти и во градот и во селата во Берово. Во Берово 80 милиони беше долгот, а денес Берово како општина е спремна да поддржи се што е неопходно за развој, а притоа се релализирани голем број проекти. Реконструран е регионалниот пат до Струмица, а 70 проценти од патот до Клепало. Го реконструиравме училиштето „Дедо Иљо Малешевски” и затоа тоа што е подобро од порано, сега заслужува да биде најдобро, рече Заев.
Овој беровски крај додаде претседателот на СДСМ е еден од најголемите туристички потенцијали и затоа во периодот кој следува уште повеќе ќе се развива.
-Од 1 јануари ќе се децентрализираат општините, и во такви околности значењето на општините станува уште повеќе важно и затоа треба сите да ставиме ,,прст на глава” на кој ќе ја оставиме општината. Конкретно во Берово правевме анкети, Пекевски води со 15 проценти против својата противкандидатка и затоа треба сите да разговараме со граѓаните и да им појасниме зошто треба да одиме напред, а да не се враќаме назад, додаде Заев.
Целта како што додаде претседателот на СДСМ и актуелен премиер е да се создаде подобар економски стандард за младите да се задржат во родните огништа, а не да заминуваат во Скопје и надвор од државата.
-Од тоа зависи дали сакаме да ги гледаме нашите деца на вибер или да се тука за нас. Патот е тука, зависи дали ќе продолжиме по такциот пат. И овие избори се одлука за тоа. Од одлуката на овие избори зависи дали ќе го вратиме режимот кога немаше слобода и демократија, додаде Заев.
На 17 октомври да ја осигураме иднината на Берово и да гласаме за Звонко Пекевски со број 12, гласајки за Најдоброто за Берово, порача на крај од говорот пред беровчани, претседателот на СДСМ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This