ЗАЕВ НАМЕСТО ОДГОВОР ЗА ДРУЖБИТЕ СО БОКИ, HAПАЃА СО ПРАЗНИ „KУPШУМИ“ : Мицкоски е стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил напиша дека Христијан Мицкоски е стечаен управник на ВМРО-ДПМНЕ која, како што наведува, е најрасипничката партија со милионски долгови и не може и нема да ја води државата.

– Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски јавно призна дека во моментов ВМРО-ДПМНЕ е најазадолжена политичка партија, со долг од околу 8 милиони евра! ВМРО-ДПМНЕ сами си признаа дека се најнедомаќинска и најрасипничка партија во С Македонија! ВМРО-ДПМНЕ призна дека има милионски долгови и дека Христијан Мицкоски е стечаен управник, извршител на Никола Груевски – осуден криминалец и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ кој ја задолжи земјава со милијарди евра, а неговата партија со милиони евра!, пишува меѓу останатото Заев на неговиот официјален фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This