Заев: На крајот на денот најголем гyбитник е Европската унија, бидејќи се посипа со пепел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Pремиерот Зорн Заев во гостување во емисијата Утрински брифинг на Слободен печат зборуваше за вчерашното вето кое ни го затвори патот на евроинтеграцијата.

„Дека имавме резервираност во поглед на старт на преговорите, јас тоа го најавив уште на 11 Октомври, дека народот треба да биде подготвен дека можно е да не почне првата меѓувладина конференција, знаејќи до каде нашиот источен сосед и пријателска Бугарија одат со барањата. Ние правевме се во рамките на тоа што е дозволено, но вчера реков, нашиот македонски идентитет, македонски народ, се наше право на самоопределување. Европа мора да остане на своите фундаментални вредности, должност и е да го негува и нашиот македонски идентитет. За решенијата со Бугарија разговаравме за тоа што Бугарија коментира, дека не е доволно реализиран Договорот за добрососедство, дека динамиката не е соодветна, направивме акционен план, динамики како тоа да се решава, одредени клаузули ги продолживме во форма на меморандум… Не е тоа отфрлено од Бугарија. Тука се и акции за спречување на говорот на омраза. Поголем фокус Бугарија имаше во последните недели ни проговарачката рамка… Но, Европа не може да дозволи да има поглавје 35“, рече Заев.

На прашањето кој губи по бугарското вето Заев одговори дека покрај Македонија и Бугарија, губитник, и тоа најголем е Европската Унија.

„Губитник е Бугарија, но губитник е и Mакедонија, на крајот на денот најголем губитник е Европската унија, бидејќи се посипа со пепел. Ги собравме сите европски награди, во понеделник ќе добијам нова награда, за европско лидерство. Значи, нашите политики се верифицирани пред се од европските институции, покажавме европски манири и вредности, со Рамковниот договор, со Преспанскиот договор, со договорот за пријателство со Бугарија, прифативме заедничка историја. И дојде Европа да покаже европски вредности, фалираше. Јас сум благодарен на сите земји членки кои останаа на своите принципи. Сите 26 земји се унисони во тој дел. Нашиот пат е ЕУ, но испишани се црвените линии“, рече Заев. 

За реализацијата на Преспанскиот договор нагласи дека се врши со одлична динамика. Се надева дека и комисиите ќе ги дадат своите резултати, но проблем може да биде отворањето на поглавјата кои со него се предвидени. 

„Важно е во рокот од тие три години да се реши прашањето со трговските маркици, коморите соработуваат и ќе го најдат решението“, нагласи премиерот.

Во однос на тоа дали чувствува горчина поради огронмиот влог во односите со Софија, Заев одговори:

„Јас како претседател сум должен да ги правам првите стапки во снегот. Во овие неколку месеци малку повеќе дознавме едните за другите, има антагонизам кој не е во функција на пријателството. Не е својствено друга земја да ви испишува ваша сопствена историја“, рече Заев.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This