Премиерот Заев заедно со министерот Филипче вчера беа во официјална посета на Република Турција, а на денешната средба со медиумите појасни за што се разговарало на таа средба.
„Од Турција ќе добиеме 30 илјади вакцини од „Синовак“. Тоа е навистина голема помош за нас и му благодариме на претседателот Ердоган. Разговаравме и за нашата поставеност во НАТО, каде се градат сериозни политики кои ќе ја осигураат безбедноста на државата и регионот. Другите детали од разговорот не би ги соопштувал. Имавме плодна работна вечера, отворивме сериозни перспективи за европскиот процес“, истакна Заев.