Заев: Првиот успех на Ковачевски ќе биде меѓувладина конференција со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ковачевски порачувам да ги чува вредностите на СДСМ, солидарноста, слободата демократијата, еднаквоста помеѓу граѓаните. Да го чува целиот демократски капацитет и потенцијал бидејќи преку оваа партија и е потребен на татковината. Тоа се вредности поради кои сме прелеале и крв, изјави поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев пред примопредвањето на лидерската функција на новоизбраниот претседател Димитар Ковачевски.

„Аманетот е да победува на следните избори за да може социјалдемократијата и вредностите да бидат уште повеќе имплементирани во нашето општество и преку победите да го гарантира евро-атланскиот пат на државата и проектот едно општество за сите“, вели Заев.

Ковачевски е сериозен човек, доктор на науки кој знае да праша, но не дозволува некој да му се наметнува од страна, изјави екс лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прашањето дали тој и понатаму ќе владее со партијата, а Ковачевски ќе биде само извршител на наредбите.

Првата меѓувладина конференција со ЕУ ќе биде првиот успех на премиерот Ковачевски, изјави Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This