Заев сакал да тера избори без набљудувачи и без прочистен список

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Заев барал избори без набљудувачка мисија и без прочистен избирачки список. Тоа е последен обид на лидерот на СДСМ да ги намести предвремените парламентарни избори во негова корист – коментира уредникот на „Инфомакс“, Александар Митовски.

Срамот со штурото соопштение, и малтретирањето на новинарите и снимателите пред вилата „Водно“ само кажува дека не се знае кој пие, а кој јаде. Таквото девалвирање на важноста на седмата сила, нема да помине неказнето.

За да не остане Македонската јавност зачудена како поминала лидерската средба, успеав да добијам неколку информации во врска со текот на настаните.

Според моите информации, Заев инсистирал на брзи избори без прочистен избирачки список и без набљудувачка мисија.
Внимавајте, без набљудувачка мисија. Значи Заев не пробува да добие датум за избори затоа што сакал „функционален парламент“ туку, затоа што ова му е последна шанса без независен мониторинг да мести резултати.

Лидерот на СДСМ бил тотално неподготвен за состанокот, тврди мојот извор, а „дробел“ и лиферувал само датуми. Неколкупати се премислил – 5.ти или 8.јули.

Заев дури и признал дека ОБСЕ и ОДИХР се уште немаат одговорено на барањето за испраќање на набљудувачи, со што паѓа во вода секој можен датум кој се однесува на јули, затоа што нема доволно време да се испочитуваат законските рокови согласно изборниот законик.

Скандалозно е и тоа што Заев тврдел дека „нема потреба да се прави увид во избирачки список“. Скандалот е во тоа што екс-премиер треба да знае дека за релевантна евиденција на гласачи треба да се направи прочистување на списокот, особено во услови кога има голем број на починати поради коронавирусот

Освен овие муабети, Заев, немал став за ниту еден друг аспект – папагалски „датум, датум“.

Христијан Мицкоски, не отстапил од принципите за заштита на здравјето на граѓаните со оглед на растечката тенденција на ковид заразата. Освен гаранции за заштита на здравјето, Мицкоски на средбата ја посочи потребата за кредибилен изборен процес при што потребен е и увид во избирачкиот список.

Мицкоски бил подготвен на компромис, но не по цена на здрајвето на граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This