Заев сигурен: Подобар договор со Бугарија нe можеме да постигнеме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Подобар договор од Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година не можеме да постигнеме со Бугарија. Тоа го знае македонската страна, а верувам и бугарската, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Постојат соодветни алатки и начини на решавање на ова прашање со јавна изјава, со писмена изјава, со декларација, со договор, анекс на договор и слично, а да не биде договор на договор. Ние имаме одличен договор кој беше основата за да се постигне и Преспанскиот договор. Во самиот договор има храбри исчекори од двете страни, зборувања за двата народи, за нашиот македонски народ, потпишани на нашиот македонски јазик, а секако зборуваме и за заедничката историја, рече Заев, во одговор на прашање на денешната прес-конфереција во Владата.

Тој посочи дека тоа се храбри чекори кои се направаени од бугарска и од македонска страна и додаде дека во договорот е детално опишано како во иднина да се пронајдат сите заеднички атрибути од заедничката историја за, како што рече, да не сплотуваат и да го градат добрососедството и пријателството и да ја унапредуваат соработката.

-Не верувам дека постои подобар договор меѓу Македонија и Бугарија што би можел да се постигне и верувам дека тоа го знае и бугарската страна, а ние го знаеме како македонска страна. Постојат начини како да се рeшaт разликите и дипломатијата ги познава. Верувам дека ќе употребиме еден од начините двете страни да бидат задоволни и да ги држи подеднакво среќни, посочи Заев.

Тој нагласи дека последен пат со бугарскиот колега Борисов разговарал на една недела пред празникот 11 октомври.

-Разговаравме со мојот пријател и брат за многу актуелни теми меѓу кои и оваа, но и за економската соработка, за ковид-помошта меѓу двете земји, за Берлинскиот процес каде земја кандидат првпат е коорганизатор и дека треба да ги охрабриме двете комисии да продолжат со работа и низ историските прашања да наоѓаат решение, рече Заев.

Доколку е неопходно, додаде, не е на одмет кога и да биде потребно повторно да ги завртиме телефоните по било чија волја, негова или моја и да поразговараме. (МИА)

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This