ЗАЕВ УШТЕ СЕ ФАЛИ СО ИНВЕСТИЦИИТЕ НА ГРУЕВСКИ: Две третини од инвестициите се реинвестирана добивка од посточки инвестиции донесени во времето на Груевски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Над 600 милиони евра се директните странски инвестиции во земјава во текот на минатата година. Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупните директни инвестиции во 12-те месеци изнесуваат 624 милиони евра, од кои 311 милиони се во инвестиции во четвртиот квартал.

Од Владата денеска помпезно се пофалија дека е забележан нов рекорд во висината на средствата кои се должат на странските инвеститори.

Но што навистина покажуваат бројките?

Согласно податоците објавени од Народната банка се гледа дека од вкупните инвестиции кои достигнуваат сума од 624 милиони евра 405 милиони евра се реинвестирана добивка.

Ова се должи на странските инвеститори кои решаваат своите приходи да ги реинвестираат во погоните и ова пред се се инвестиции кои се дојдени во времето на претходната владејачка гарнитура.

-Од новите што треба да дојдат има уште доста. Сега јас не е кореткно сите да ги објавувам заради самите нив, но еве можам една да ви кажам ,,Магна” на пример е договорена спакувана уште во времето кога ние ја раководевме владата, тоа е компанија за автомобилски делови ќе инвестираат во Охрид. Барем беа решени во Охрид да инвестираат сега ако ја смениле нешто, ама генерално тоа беше. Сакаа прво да направат инвестиција во една друга држава ни рекоа готово договорени сме, да ја направиме оваа инвестиција кога ќе ја завршиме кога ќе тргне се, следната држава ќе бидете вие. Има и други само не е фер да ги спомнам.

Груевски заклучи дека актуелната власт на СДСМ се ,,шлепа” на сработеното од ВМРО-ДПМНЕ и тоа би било во ред ако продолжела новата власт да работи со исто темпо, но тој вели дека Заев успеал да избрка повеќе од 50 инвеститори кои биле спремни да инвестираат во државата, притоа забележувајќи дека Србија не може да ги прими сите инвеститори кои сакаат да инвестираат во Македонија.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2176720795683612/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This