Заев ја претвори Македонија дувло на мaфиja и организиран kpиминал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Александар Пандов, претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ вечерва при своето гостување во емисијата „Само вистина” истакна дека откако Заев е на власт Македонија се претвори во дувло на мафија и организиран криминал.

„Јас не сум на платен список на Буџет на Република Македонија. Јас не сум одговорен човек за здравствената ксостојба каква ни е, за економската. Ние говориме денес за период, кога Заев вели дека право и правдина ќе има но Македонија се наоѓа на 111-то место по корупција”,истакна Пандов.

Пандов посочи дека Македонија со Заев денес е држава во која што околу 215 белосветски криминалци дошле тука и добиле македонски пасош.

„Ние имаме држава сега во која што 61 компанија имаат добиено лиценци за произведување на марихуана. Само пет, а тоа е дозволено имаат дозвола и за масло од марихуана да прават. Ние пред два дена, три дена, официјални информации се тоа дека ДЕА, американската агенција за наркотици лично била завземена за да бидат фатени оние 200 килограми марихуана. И дека тоа комбе било на фирма партнерска на братучедите на Зоран Заев и Вице Заев тоа се Трајче и Бобан Заеви.”, рече Пандов.

Пандов додаде дека во случајот со марихуана се вмешани и полициски службеници, командир на полициска станица на Прилеп, тоа не е мала работа. А, Љупчо Николовски за ниту еден скандал не се произнесе, тој молчи.

Пандов во текот на гостувањето се осврна и на криминалите на Заев и Филипче. Поради тие криминали Македонија се уште нема доволен број на вакцини и доцна започна со имунизација на населението во државата.

„Ние имавме ситуација во која што излегуваат Заев и Филипче и велат 12 милиони евра, ние не знаевме колку платиле они за кинески вакцини, 12 милиони евра ни беа вратени. А, тие пари биле за 200.000 кинески вакцини. Математика нема потреба човек до толку да познава дека 12 милиони евра на 200.000 вакцини доаѓа дека околу 65 долари е една вакцина”, истакна Пандов.

Пандов додаде дека таква цена до сега ниту една земја за вакцина нема платено. Дополнително Кина вакцините ги продавала преку амбасади, бидејќи тоа им е како стратешки принцип.

„А, нашиве тргнале преку фантом фирма. Кој доказ мене ми треба да сфатам дека ова е криминал”, запраша Пандов.

Пандов посочи дека токму поради криминалот на Филипче и Заев Македонија не започна со имунизација на време, има енормен број на починати и новозаразени лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This