April 28, 2024, 12:27 am

Заменете ги лошите грицки со оваа намирница: Го штити срцето, ја регулира тежината и го зајакнува имунитетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку често сакате да грицкате, имаме совршен предлог за вас – заменете ги лошите грицки со поздрава верзија, како на пример јаткастите плодови кои освен што се вкусни, се здрави за вашиот мозок и целиот организам.

Денеска ви претставуваме една намирница која го штити срцето, ја регулира тежината, го зајакнува имунитетот и ја прави кожата сјајна и убава – тоа се ф’стаците.

Совршени грицки за здравје и убавина

Ф’стаците се исклучително хранливи и здрави. Тие содржат витамин А, Б6, Ц и Е кои се важни за работата на срцето, зајакнување на имунитетот, заштита од штетните зрачења, превенција на рак и зачувување на нервниот систем.

Освен споменатите витамини, ф’стаците изобилуваат со влакна кои се потребни за здравјето на дигестивниот тракт. Ф’стаците се добар извор на магнезиум, железо, калциум, фосфор, цинк, натриум, манган, калиум и бакар.

Доколку имате недостиг од железо во организмот или ве мачат грчеви во мускулите, ф’стаците ќе ви помогнат да ги олесните овие тегоби. Тие допринесуваат за забрзување на метаболизмот и регулација на телесната тежина, а благодарение на големиот процент на влакна, протеини и масти, овој јаткаст плод брзо создава чувство на ситост.

Лековити својства на ф’стаците

– помагаат при анемија

– допринесуваат за регулација на телесната тежина

– го чуваат здравјето на очите

– го намалуваат лошиот холестерол

– го намалуваат ризикот од срцеви болести

– го спречуваат развојот на дијабетес

– го зајакнуваат имунолошкиот систем

– штитат од рак на кожа

– ја регулираат дигестијата

– ја штитат кожата од штетните влијанија

– го чуваат здравјето на нервниот систем

Здравствените придобивки на ф’стаците е одамна познат, а тие спаѓаат помеѓу најстарите јаткасти плодови на нашата планета. Благодарение на богатиот нутритивен состав, со нивното консумирање се грижите за вашето здравје, однадвор и одвнатре.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This