ЗАПАЛЕНО ВОЗИЛО ВО БИТОЛА: Непознато лице опожарило автомобил Пасат во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СВР-Битола соопшти дека синоќа околу 21.35 часот во Битола на улица „21-ва“ од страна на непознат сторител било опожарено паркирано патничко моторно возило “Пасат“ со битолски регистарски ознаки.

Сопственик на возилото е С.Р. од село Обедник, демирхисарско кој во моментот бил на гости. Сторителот го скршил стаклото од предната страна на возилото и внатре фрлил непозната запалива материја, со која предизвикал пожар. Пожарот е изгаснат од Противпожарна екипа Битола и од сопственикот.

Од СВР-Битола посочуваат дека синоќа бил извршен увид на местото на настанот, и се преземаат мерки за расчистување на случајот.(МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This