Започна видео самитот на лидерите од Западен Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерите на земјите од Западен Балкан попладнево почнаа видеосамит организиран од страна на вашингтонскиот Атлантски совет.

Средбата е посветена на конкретни чекори за подобрување на регионалната економска соработка и привлекување странски инвестиции.

На самитот присуствуваат српскиот претседател – Александар Вучиќ, косовскиот премиер – Авдулах Хоти, албанскиот премиер – Еди Рама, македонскиот претседател – Стево Пендаровски, претседателот на Советот на министрите на БиХ – Зоран Тегелтија и црногорската министерка за економија – Драгица Секулиќ.

На собирот учествуваат и претставници на ЕУ, САД и меѓународната заедница.

Средбата ја отвори Дејмон Вилсон од Атлантскиот совет.

Според организаторите, се очекува оваа средба да придонесе за економско закрепнување на регионот по пандемијата на коронавирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This