Започна традиционалната Галичка свадба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тапаните и годинава ќе грмнат во Галичник за традиционалната манифестација Галичка свадба. Годинава младоженци се Филип Бундовски и Катерина Илиевска. Свадбата и сите церемонии како што е редот траат три дена од петок до недела. Еве повеќе практични инфрмации за сите што ќе сакаат да бидат на настанот, но и за граѓаните кои ќе се упатат кон Мавровскиот, Струшкиот, Дебарскиот или Охридскиот регион.

Секторот за внатрешни работи Тетово ги информира граѓаните дека во сабота и недела (17 и 18 јули) ќе воведе посебен сообраќаен режим кон мијачкото село Галичник, каде ќе се одржи традиционалната манифестација „Галичка свадба“. Во рамките на истиот, вчера од 20 до 01 часот по полноќ беше забрането движење на возила низ селото, денеска забраната ќе биде на сила од 18 до 22, а утре (недела) од 7.30 часот до 15 часот.

Поради тоа, на граѓаните им се советува нивните возила да ги паркираат на наменски одредената локација за паркирање, на влезот на Галичник. Секторот за внатрешни работи Тетово апелира денеска и утре да не се изведуваат никакви градежни или други активности на потегот од Брана до Галичник, за да се овозможи непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во двете насоки.

Месната заедница Галичник објави:

Заради непречено и безбедно одржување на Галичка свадба, апелираме до сите учесници, посетители и галичани да се придржуваат до овие правила и да ни помогнат во непречено и беспрекорно организирање на настанот.

Одлагање отпад:
– Сите контејнери и кафези за одлагање отпад ќе се дислоцираат позади хотел „Неда“. Камион на Јавното комунално препријатие ќе биде паркиран на патот кон „Света Петка“ и ако некому му е неопходно за време на викендот да одложи отпад, ќе треба да го стори тоа директно во камион;

– Низ Галичник ќе има распоредено дваесет мали канти кои ќе се користат само за одлагање лименки и пластика.

Сообраќаен режим:
– Паркирање на паркингот на Пеш, околу Црквата „Свети Петар и Павле“, на Упија, на коловоз од „Црквата Свети Петар и Павле“ до куќата на Лукановци од каде ќе се земе невестата НЕ Е ДОЗВОЛЕНО во ниту еден момент од 16ти до 18ти јули;

– Сообраќајот со моторни возила низ Галичник во САБОТА, 17ти јули ќе биде забранет од 18.00 до 22.00 часот, а во недела од 7.30 до 15.00 часот. Месна заедница Галичник обезбедува слободен превоз на посетителите во недела на релација Селска ливада – Галичник.

– Сообраќајот може да биде затворен и надвор од овие термини ако за тоа се утврди дека има потреба;

– Во термините во кои е забранет сообраќајот, паркирањето на автомобили кои ќе доаѓаат кон Галичник ќе биде на Селска ливада;

– Оној кој ќе има потреба од сопствениот автомобил во овие термини, автомобилот треба да го паркира надвор од Галичник, освен сопствениците на имот на Пеш, Гегоско и Бошнакоско маало;

– Непрописно паркираните возила (паркирани спротивно на овие правила), ќе бидат отстранети со помош на специјално возило – пајак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This