ЗАПОЧНУВА НОВО ПОГЛАВЈЕ: Сара Мејс со новиот хит „Бакар Боја“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ивица Јанкуловски, има уникатна визија за авторската музика во Македонија. Преку проектот „Copper room sessions“ и во студиото „Алшар“ тој одлучи да ги отвори вратите на музичката уметност. Меѓу првите тоа го направи познатата македонска пејачка Сара Мејс. Таа со песната „Бакар боја“ одлучи да започне ново поглавје во својата кариера.

Со ова авторско парче пренесува лесна и чиста музика, директно од својата комфорна зона, на природен, удобен и лесен начин за неа, таа и харфата, спакувани во квартет. За проектот „Copper room sessions“ Ивица Јанкуловски вели

До сега имаме објавено неколку видеа, но со Сара Мејс блескаме. Таа носи толку многу енергија што е тешко да ја избегнеш. Го замисливме овој проект баш како што се гледа во самото видео со неа. Пеење и музика кои излегуваат директно од сите изведувачи и артисти. Нашиот проект нема граници затоа што тимот не застанува. На ист начин ќе ги водиме и сите со кои ќе продуцираме, ќе нема избор за жанрови на музика, ниту пак селекција на познати и непознати артисти, туку чиста и сурова уметничка слобода.“. Тој најавува уште многу соработки и гостувања.

Видеото од песната на Сара Мејс излегува премиерно денеска (24. јули) во попладневните часови и ќе може да се погледне кога ќе се објави на:

https://www.youtube.com/watch?v=PnqahMbS6gQ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This