ЗАРАБОТУВААТ 1.400 ЕВРА: Во Франција примерните возачи ги снимаат несовесните возачи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се чини неверојатно, но во Франција веќе две години постојат приватни компании кои ангажираат сопственици на возила со вградени радари за наместо полицијата, да го надгледуваат сообраќајот и да ги снимаат тие кои возат пребрзо. Податоците потоа се испраќаат до полицијата, а таа на возачите им издава кaзни.

Уште во 2017 година Фрaнција мобилната радарска контрола ја препушти на приватници, кои не смеат да ги застануваат возачите кои ќе направат пpeкpшoк, туку само да ги снимаат. Таа работа била прескапа за полицијата, а приватниците уживаат во тоа.

Тие работат по 24 часа. Прецизирано е на кои патишта можат да работат, а компаниите од типот на Geos или Mobiom постојано бараат вработени. Во Mobiom месечната нето плата е 1.400 евра, а работното време е околу 6 часа дневно, вклучувајќи ги и празниците и викендите. Значи, се работи цел ден и ноќ. Од 2020 година Mobiom на патиштата во Нормандија ќе има 26 вработени во пет автомобили опремени со радари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This