ЗАСЕДАВА ЦЕНТРАЛНИОТ ОДБОР НА СДСМ: Партијата на власт ќе ја одредува судбинат на цел народ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) вечерва заседава за повеќе актуелни теми, а во фокусот е текот на разговорите за спорот за името со Грција. Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев го информира партиското раководство за договорената рамка за решението, а ЦО ќе расправа и за внатрепартиски активности, верификација на предлозите за нови членови на Владата од редовите СДСМ.

Според најавите, Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас во телефонски разговор треба да го заокружат решението за кое претходно во Брисел министрите за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас утврдија принципи и начела.

– Се работи на правно-формалниот аспект на самиот договор, следува разговор помеѓу мене и премиерот Ципрас, верувам деновиве, вечерва, утре или до петок. На овој разговор очекувам да направиме исчекор што е многу значаен и затоа ги следиме сите шпекулации во јавноста, наведе денеска премиерот Заев во отчет за едногодишната работа на Владата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This