Затворени гласачките места во Косово, според анкетите победник на овие избори е движењето Самоопределување

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Избирачките места на вонредните парламентарни избори на Косово беа затворени во 19 часот. Според Централната изборна комисија, вкупната излезност е 46,58 отсто. Според првите резултати на институтот Пипос од Приштина, победник на овие избори е движењето Самоопределување (ПС), кое доби 41,8 проценти од гласовите.

Според резултатите од излезните анкети презентирани на ТВ Клан Косова, Демократската партија на Косово (ДПК) е на второ место со 16,5 проценти, а Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) е на трето место со 15,2 проценти. Сојузот за иднината на Косово (АБК) е на четвртото место со 7,2 проценти, додека Социјалдемократската иницијатива (СДИК) не го помина изборниот праг од 5 проценти, бидејќи има 2,6 проценти од гласовите, пренесе Радио Слободна Европа.

Малцинските партии освоија 16,7 проценти од гласовите.

Кога ќе се земат предвид само гласовите на Албанците, ПС има 50,2 проценти, ДПК 19,8 проценти, ДСК 15,3 проценти и АБК 8,6 проценти, додека СДИК доби 3,1 проценти гласови. Без гласовите од дијаспората, ПС ќе има 52 пратеници, ДПК 20, ДСК 19 и АБК девет, додека малцинските заедници ќе имаат 20 пратеници.

Познатиот косовски публицист и дипломат Ветон Сурои оцени дека „Самоопределување со над 50 проценти од освоените гласови на изборите е одлучувачки чекор напред на платформата против клептократијата и за социјалната правда и владеењето на правото. Изборна револуција“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This