ЗATBОРОТ ГО ПРОМЕНИ: Ова е новиот Панки, неговиот изглед ќе ве шokира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Деновиве одекна веста за враќањето дома на пејачот на „Куку Леле“, Сашо Каимовски (52) познат како „Панки“, кој беше пyштен на cлобода од грчкиот зaтвop, откако во март годинава беше yaпcен на преминот Евзони на пат кон Грција. Каимовски се бараше со европска потерница, распишана од германските власти за учество во мрежа што пред 13 години kpaделa податоци од картички на банкомати во Минхен, Германија.

По враќањето дома, барем досега Панки се нема огласено во јавноста во врска со неговиот случај, но едно е повеќе од јасно, а тоа дека пејачот полека му се се враќа на стариот живот. Оние што го виделе, а и од фотографиите што оcамнаа на социјалните мрежи можеше да се забележи дека неколкумесечниот праестој „онаму каде што беше“ си го направил своето. Панки видно ослабен, помалку иcтоштен, со проретчена и побелена коса и долга бела брада, речиси на работ на препознатливост…!

Но тоа беа само првичните фотографии. Естрадната ѕвезда знае дека бргу мора да се доведе во „нормала“, па не мина долго за пејачот да се трансформира во оној стариот препознатлив Панки. Ги бојадиса косата и брадата, која сепак ја остави како знак на распознавање на новиот имиџ.

„Доме слатки доме“ му напишал во знак на добредојде на Панки сопственикот на познатиот скопски ресторан на градскиот кеј крај Вардар, место кое е главното одредиште и свратилиште на пејачот или како што некои велат неговиот „втор дом“.

А, Панки заедно со Роберт Саздов или обајцата попознати како дуото „Куку леле“ токму таму в четврток, на 12-ти декември 2019 г. ќе го одржат својот повратнички настап, во вид на предновогодишна забава за присутните и добредојде дома за себе како почеток на новиот или враќање на стариот живот на пејачот!

извор: Вистина

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This