Затвopeници од штипскиот затвop подигале кредити со лични податоци од друг затвopeник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца затвореници додека биле во затворот во Штип измамиле друг затвореник од Охрид, со чии податоци подигнале брзи кредити.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Штип и П.Т.(41) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Пријавените, во текот на ноември и декември 2020 година, додека издржувале казна затвор во Казнено- поправната установа Затвор – Штип, оствариле контакт со жител од Охрид и доведувајќи го во заблуда ги обезбедиле неговите лични податоци и документи.

Подоцна, со тие податоци подигнале брзи кредити од неколку финансиски друштва, а примопредавањето на парите го вршеле преку посредник. На овој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 100.000 денари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This