Захариева повторно најави донација на вакцини од Бугарија на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Наскоро ќе донираме вакцини за Македонија, кога ќе имаме доволно количества од ЕУ, вели министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, јави дописникот на МИА од Софија. Таа за телевизијата БТВ изјави дека доцнењето се должело и на механизмот Ковакс, каде Бугарија е исто така учесник.

-Сега започнува редовното снабдување со вакцини од страна на ЕУ и се надевам дека наскоро ќе ја имаме оваа можност. Бугарија наскоро ќе достави вакцини во Македонија, вели Захариева. Јас навистина сакам односите меѓу Бугарија и Македонија да се вратат во нормала. Мислам дека ако ги намалиме емоциите, има начин да се најде договор, додава Захариева.

Таа ги коментираше и информациите од Македонија, по објавата на тендерот за изградба на пругата до границата со Бугарија.

-Дај Боже, да има многу кандидати и да се изгради Коридорот 8, не е нормално да нема железничка врска меѓу двете земји. Осудени сме да успееме, категорична беше министерката Екатерина Захариева.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This