За еден ден во Ранковце и Крива Паланка изгореа 225 хekтари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во големиот пожар што избувна на 2 август во селото Отошница, Општина Ранковце и пожарите случени истиот ден на подрачјето на Крива Паланка, опожарена е вкупна површина од околу 225 хектари, најголем процент борова шума.
Пожарите беа локализирани истиот ден, ставени под контрола вчера рано изутрина, но пожарот во Ранковце кој беше обемен, синоќа и утринава повторно се активирал.
– Во големиот пожар во Ранковце, кај Отошничка брана, селата Длабочица и П’клиште, кој зафати куќи и домот во Отошница, направена е голема материјална штета. Опожарена е површина од 202 хектари, од кои 15 хектари борова култура. Во овој пожар покрај пожарникарите, се вклучија и 21 лице од вработените во ЈП Македонски шуми. Штета е предизвикана и во останатите пожари во Кривопаланечко, каде се опожарени објекти, но и шума и овошни култури, изјави Ивица Митовски, директор на ПШС “Осогово” при ЈП Македонски шуми.
Во пожарот во kривопаланечките села Дренак и Лисец, кај месноста Момин дол, пожарот се случил околу 14 часот на 2 август, а опожарена е површина од околу 0.15 хектари, на приватен имот.
Во месноста Крива Река и Станечка Река, во село Варовиште опожарени се осум хектари овоштарници, приватни ниви и ливади, а во друг пожар од втори август кај резервоарот на Јавното претпријатие Комуналец, во село Варовиште опожарена е површина од 0.03 хектари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This