ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА: Протестите продолжуваат во понеделник, денеска панел дискусија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Огромен број граѓани и вчера, по 68. пат излегоа на улиците и дадоа поддршка на граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА. Народот застана во одбрана на суверенитетот на државата и побара нови избори.

18300872_1197927803663401_2657683343568410401_n

Маршот започна пред Владата, продолжи до Народната канцеларија на претседателот Иванов и заврши пред Собранието.

Традиционално, од пред Владата на РМ во еден глас ја испејаа химната и тргнаа по патеката на државноста скандирајќи: избори, избори, Македонија…

 

 

18301375_1197928550329993_2429423493273146471_n

Зачувување на унитарноста на државата, не за двојазичност, отфрлање на тиранската платфора, избори и попис, беа дел од пораките кои вечерва ги испратија организаторите од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Тие побараа државните институции да ги почитуваат законите и да ги ослободат луѓето кои се обвинети за нередите во Собранието кои се случија минатиот четврток.

Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ потенцира дека претседателот Иванов е бедемот на унитарноста и на суверенитетот на Република Македонија.

18222090_1197928120330036_5318326462188895159_n

– Тој е човекот кој нема да дава никаков мандат вон процедура за доделување мандат и на луѓе кои се потписници и кои претставуваат документи кои се закана за Македонија. Претседателе, останете со нас и ние ќе останеме покрај вас, и рамо до рамо ќе ја чуваме оваа држава, му порача Илиевски на Иванов.

Најави дека ќе бидат упорни, цврсти, достоинствени и оти во рамки на Уставот ќе протестираат и во иднина.

 

Борис Дамовски потенцира дека најголемото оружје на иницијативата е нивната бројност, присуство и истрајност. Истакна дека се ќе направат за правдата да биде задоволена.

– Се ќе направиме правдата да биде задоволена меѓутоа правдата треба да биде задоволена за сите и за прекршителите на Уставот, узурпаторите и окупаторите на ова Собрание, додаде Дамовски.

Организаторите најавија дека протестите ќе продолжат во понеделник, а граѓанската иницијатива денеска ќе има панел дискусија.

Панел дискусијата во живо може да ја следите на овој линк.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This