За нив нема ништо свето, ние сме различни затоа заедно масовно да излеземе и да заокружиме 14

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние сме различни од СДСМ и Зоран Заев, тие немаат ништо свето додека за нас светост е љубовта кон нашата татковина Македонија, која не мотивира посветено да работи за нејзин развој и просперитет, рече денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Кочани.

– Ние сме мотивирани да работиме затоа што имаме еден стимул кој што ни вели работе, праветего ова, бранетеја државата. А тоа е љубовта кон нашата татковина Македонија. Тоа нас не прави, драги сограѓани, поразлични од нашиот политички противник од СДСМ, поразлични од Зоран Заев, затоа што за нив нема ништо свето, за нив ја нема таа грутка присутна вво градите кои што ги тера и мотивира да работат за сопствената држава, рече Мицкоски.
Мицкоски од средбата со граѓаните на Кочани порача дека единствено што СДСМ умеат да го прават без никаков проблем е распарчувањето, продавањето и распродавањето на Македонија и тоа за грст жолтици.

– За нив не претставива проблем да ја парчат, распарчуваат, продаваат и распродаваат татковината. За нив, тоа е само предмет за преговори, договори, разговори кои што на крајот од денот се завршува со грст од жолтици, златници, порала Мицкоски и повика на масовно изледување на гласање на изборите на 15 јули.
Ние сме различни од нив, рече тој, и заради тоа од рано сабајле, еден по друг сите сложно да излеземе и да го заокружиме бројот 14.

– Тоа се тие, а ова сме ние. Ние сме различни. И затоа е потребно на 15 јули масовно, од сабајле, раноа наутро уште во седум часот да излеземе. Ве повикувам обединети, сложни, еден до друг и да го заокружиме редниот број 14, да го заокружиме името на Игор Јанушев, затоа што тоа е потребно за да ја сонуваме и живееме нашата Македонија, повика Мискоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This