April 27, 2024, 11:33 pm

ЗА ОБЕДИНЕТ И АМБИЦИОЗЕН КОНТИНЕНТ: Вебер со надеж дека гласачите ќе поддржат стабилна Европа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот на германскиот десен центар за претседател на Европската комисија, Манфред Вебер, денеска изрази надеж дека гласачите на европските избори ќе ја поддржат „стабилна Европа” и „обединет и амбициозен континент”.

-Не сакам да ја видам европска десно-популистичка Европа, која сака да ја yништи идејата за заедништво, но, исто така, сум и пpотив Европа во рацете на левицата, рече Вебер по гласањето, чија Европска народна партија (ЕПП) се надева дека ќе го задржи статусот на најголема група во Европскиот парламент.

Во повеќето членки на Европската унија, денеска се гласаше за Европскиот парламент, додека во седум земји изборите, кои започнаа на 23 мај, се одржаа порано.

Резултатите од секоја земја-членка ќе бидат објавени вечерва по затворањето на последното гласачко место во Европа, а последни се затвораат избирачките места во Италија во 23 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This