ЗА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА:33-годишен маж денеска стана жена 

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хируршката интервенција ја изврши тим врвни лекари по генитално реконструктивна хирургија предводен од проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Србија.

За прв пат во Македонија денеска во Клиничката болница „Аџибадем систина“ во Скопје е извршена операција за промена на пол.

Триесет и тригодишен маж стана жена по операцијата која се уште е во тек, а вообичаено трае 4-5 часа. Хируршката интервенција ја врши тим врвни лекари по генитално реконструктивна хирургија од болницата „Аџибадем Систина“ предводен од проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Србија. Интервенцијата ја следат во живо учесниците на првиот симпозиум за урогенитална хирургија во организација на болницата „Аџибадем систина“ и Центарот за генитоуринарна реконструктивна хирургија од Белград.

– Подготовките за оваа интервенција траеја повеќе од една година кога пациентот помина низ психолошка подготовка и хормонална терапија. По завршувањето на подготовките е направена промена на полот. Интервенцијата помина во најдобар ред, а пациентот моментално се опоравува од интервенцијата. Во болницата ќе остане во наредните две недели колку што е потребно за да се опорави – рече денеска на прес конференција д-р Ѓорѓевиќ.

Од тестисите беа направени вагинални усни. Пациентот доби функционален женски орган, но не ќе може да раѓа.

Се очекува пациентот за еден месец да има нормален живот, а сексуален живот како жена ќе може да има после 2-3 месеца.

Проф. д-р Ѓорѓевиќ досега извршил околу 700 операции за промена на полот од машко во женско. Вели дека хируршката интервенција за промена на полот од женски во машки е потешка и трае до 10 часа. Тој објасни дека пенис се прави од мускул од грбот, а клиторис од внатрешноста на пенисот.  Ѓорѓевиќ извршил само тристе операции од жена во маж.

Пациентот кој денеска го смени полот е петти македонски државјанин кој го сменил полот од машки во женски.

На симпозиумот денеска беа претставени последните достигнувања во генитоуринарната реконструктивна хирургија. Учесниците следеа во живо интервенции на д-р Даниела Андриќ (Лондон), д-р Шон Елиот (САД), Андре Кавалканти (Бразил), д-р Атес Кадиоглу (Турција), Франциско Мартинис (Португалија), Мирослав Ѓорѓевиќ (Србија).

Од 1-3 јуни се одржува првиот симпозиум за генитално реконструктивна хирургија во Клиничката болница „Аџибадем систина“ на кој учествуваат доктори од целиот регион, а предавачи се доктори од целиот свет.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This