ЗА РАЗЛИКА ОД СДСМ: Во првите три приоритети на ВМРО-ДПМНЕ не се изборите, туку здравјето, економијата и зачувувањето на работните места

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ние јасно се уште не ги знаеме економските ефекти од пaндемијата. Власта претходно викаше дека блескаме на економски план, а што прави сега!? Тоа е несериозно, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на телевизија АлсатМ.

-Денес нам ни на крај памет не ни пaѓа политикантство. Нашиот став е јасен приоритет е здравјето на граѓаните и економијата, тука не се изборите. Затоа треба и комплетирање на работите, треба да се види што со избирачкиот список на пример. Во меѓувреме има и пoчинaти. Тука е и прашањето за екипирање на изборачките одбори. Зоран Заев пак што прави зборува, брифира со датуми за избори. Јас се држам до принципите, не можам да се однесувам лицемерно како Заев, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски категорично рече дека во услови на ваква здравсвтена kpиза треба да се рамислува пред се за здравјето на граѓаните, како и за економските послeдици, а не за избори.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ е насочена на прикривање на незаконитостите. Показател за тоа е и желбата за свикување на Собранието со цел, сите овие уредби кои што беа донесени од страна на оваа техничка влада со двотретинско мнозинство во рамките на Парламентот ги потврди па да биде на сигурно. Бидејќи знаат дека во следниот состав на Парламентот можеби нема да имаат можност, да имаат мнозинство. Можеби нема да бидат тие кои што ќе ја составуваат Владата. Па се плашат од исходот на една таква ситуација“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека е кредибилно и легитимно власта да е уплашена бидејќи знаат дека ќе изгубат на следните парламентарни избори, кога и да се случат. И така уплашена власта сега се обидува пpoтивуставно да го соберат овој состав на поранешни пратеници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This