ЗА СЕКОЈ ЗНАК ПОСЕБНО: ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ВО НАРЕДНИТЕ ЧЕТЕРИ ДЕНА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 

Скорпија 24.10-22.11.
До крајот на октомври, одвојте ден што ќе го поминете без пријатели. Искористете го денот да работите на проектите што најмногу ви значат и одново поврзете се со себе.

 

Стрелец 23.11.-21.12.
Одвојте еден ден само за вашиот партнер. Разговарајте со часови, гледајте нешто и целата енергија вложете ја во оваа дружба.

 

Јарец 22.12.-20.1.
Вам навистина ви е потребно да се опуштите, па до крајот на месецот, одвојте барем еден ден во кој ќе си го дозволите тоа. Излезете и пијте колку што сакате и дозволете си после толку време, вистински да се опуштите.

 

Водолија 21.1.-19.2.
Сè што ви е потребно до крајот на месецот е ден во спа-центар. Одвојте ден само за релаксација и разубавување и не помислувајте на ниту една грижа.

 

Риби 20.2.- 20.3.
Бидејќи премногу се критикувате, до крајот на месецот одвојте еден ден во кој нема да кажувате ништо лошо за себе. Воздржете се од секоја критика и покажете си малку љубов.

 

Овен 21.3-20.4.
Конечно искористете го слободниот ден што ви е навистина потребен. Одвојте барем еден ден во кој нема да одговарате на пораките и мејловите и нема да си создавате стрес за работата.

 

Бик 21.4- 20.5.
Бидејќи постојано сте во затворена просторија, обидете се да поминете еден ден на отворено, во природа. Овој ден уживајте во сонцето и заборавете на вашата соба.

 

Близнаци 21.5.-21.6.
До крајот на октомври, организирајте семеен ден. Соберете го целото семејство и направете вечера, организирајте пикник или правете што било заедно.

 

Рак 22.6-22.7.
Одвојте еден ден само за себе. Овој ден бидете себични и не правете услуги никому, освен себе си. На овој ден, фокусот нека ви биде насочен кон себе.

 

Лав 23.7-22.8.
До крајот на месецот одвојте еден ден за „мамење“. Овој ден не грижете се за исхраната и линијата и пијте и јадете што и да посакате. Најважното е воопшто да не чувствувате вина.

 

Девица 23.8.-23.9.
Вам ви е потребен еден „мрзлив“ ден, па обидете се да го направите тоа до крајот на октомври. Одвојте еден ден во кој нема да правите ништо. Само релаксирајте се и одморете.

 

Вага 24.9.-23.10.
Дозволете си да поминете еден ден без социјални мрежи. Исклучете ги компјутерот и телефонот и обидете се цел ден да не погледнете во екран.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This