,,ЗА ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД БАШ МИ Е ГАЈЛЕ“:Аца Лукас проговори за заминувањето од музичкото шоу

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аца Лукас повеќе не е дел од жирито на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд, а тоа го потврди и во изјава за српски Курир.рс.

Не сум повеќе дел од „Ѕвездите на Гранд“ и не е крај на светот. Не знам зошто околу тоа се крена голема галама. Тоа за мене беше само вид на забава и ништо повеќе. Она што моментално ме интересира се моите деца со кои заминувам на море. За „Ѕвездите на Гранд“ баш ми е гајле.

А на прашањето како го коментира тоа што Карлеуша на Фејсбук напиша дека нема врска со неговото заминување, пејачот немаше коментар.

Инаку, во новата сезона на музичкото шоу, на негово место ќе биде пејачот Ѓорѓе Давид.

Како што пренесува Курир, Саша Поповиќ на овој потег се одлучи затоа што сака на гледачите да им подготви нешто невидено во „Ѕвездите на Гранд“:

„Не е чудно што „Ѕвездите на Гранд“ е едно од најпопуларните музички шоу во регионот, а Саша Поповиќ и неговиот тим секогаш имаат новитети. Откако Аца Лукас си замина од жирито, Поповиќ имаше тешка задача и да му најде достојна замена, а сега верува дека успеа во тоа. Исто така, кога наместо Зорица Брунцлиќ ја ангажираше Јелена Карлеуша, изјави близок пријател на Поповиќ.

„Ѕвездите на Гранд“ ќе имаат нов концепт, но и нов дизајн и нова сценографија која во голема мера е звршена. Друга новина во шоуто е дека учесниците ќе имаат свои ментори, и тоа од членови на жирито.

Водителската двојка ќе ја сочинуваат Воја Недељковиќ и Сања Ќужет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This