Зградата пред „Мајчин дом“ оди на Уставен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали е според закон планот во Аеродром со кој е предвидена деветкатницата пред „Мајчин дом“ во општина Аеродром, во среда ќе се најде пред Уставен суд.

Според Златко Марин, актуелниот градоначалник на Општина Аеродром, единствено Уставниот суд може трајно да ја сопре изградбата на деветкатницата “ со оценување на законитоста на планот и негово поништување.
Пред две недели, инвеститорот Фатмир Етеми го огради градилиштето и почна со земјени работи на паркот пред Мачин дом, што предизвика реакции на граѓаните од општината.
Следеа преговори со инвеститорот без резулата.
Етеми не се откажува од изградбата на зграда од 8 ката плус поткровје во која треба да има 240 станови и им вето на Аеродромци милион евра за обновување на зеленилото. Етеми не прифаќа нова локација, содветна за неговата инвестиција.
Тој доби поддршка и од Стопанската комора на Северозападна Македонија која протестираше против анимозитетот кон инвеститори Албанци.
Изградбата, на барање на инспекцисте служби, беше времено стопирана во период од 15 дена.
Градоначалникот Златко Марин, кој преговара со инвеститорот, најпрво најави дека е подготвен да ги исплати трошоците на инвеститорот во висина од 5.5 милиони евра, но по заканата на Етеми, зборува за речиси двојно – од 8 до 11 милиони евра кои би морале да му се исплатат на Етеми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This