Здравствените власти остануваат на ставот дека најавените мерки се неопходни, синдикатите реагираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлог-мерките на Комисијата за заразни болести со кои се бара вработените во јавниот сектор на работното место да приложат сертификат за вакцинација, негативен ПЦР тест со важност од 72 часа кој ќе го прават на нивни трошок или сертификат за прележан ковид се уште ја бранува јавноста. Надлежните здравствени власти остануваат на ставот дека овие мерки треба да се применуваат, додека синдикатите сметаат дека тестирањето не треба да биде на трошок на вработените.

За предлог-мерките, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе се разговара во понеделник на седница на Главниот кризен штаб, а потоа и на Влада.

Тоа е нешто што ќе го разговараме неделава што е пред нас. Оваа мерка ќе ја дискутираме на Главниот кризен штаб во понеделник, а потоа и на седница на Влада. Искомуницирав и со претседателот на Синдикатот на здравство, кој апсолутно дава поддршка на оваа мерка, но, исто така го иницираше прашањето, исто како и другиот синдикат УПОС, што со оние кои нема да ја почитуваат оваа мерка, рече вчера Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со сопругата на полскиот претседател и сопругата на претседателот Пендаровски.

Мерката за задолжителна вакцинација на здравствените работници, според Филипче, е важна затоа што смета дека токму тие треба да бидат пример за останатите граѓани.

– Доколку пациентите доаѓаат таму да се лекуваат, мора да знаат дека луѓето кои ги лекуваат се целосно вакцинирани, рече Филипче.

Пораки за имунизација вчера испратија и сопругата на полскиот претседател и на претседателот на државата, Агата Корнхаузер – Дуда и Елизабета Ѓоргиевска.

Корнхаузер-Дуда, чија земја донираше 200.000 вакцини во земјава, ги повика невакцинираните, да се вакцинираат бидејќи тоа е единствениот излез од ситуацијата.

Во последните месеци живееме во натпросечна и тешка ситуација предизвикана од коронавирусот. Тој е непријател кој напаѓа во целиот свет. Во тој контекст, сметам дека е најважна меѓународната соработка, бидејќи само со помош на таа соработка можеме да се бориме со коронавирусот, рече Корнхаузер-Дуда по повод донацијата од 200.000 вакцини.

Со ист став е и првата дама Елизабета Ѓоргиевска, според која, граѓаните треба да се вакцинираат пред се заради себе, а потоа и заради најблиските и јавното здравје.

Во изминативе две години верувам дека секој од нас беше во контакт со некој што беше болен од Ковид. Верувам дека голем број од нас загубија блиски, роднини и пријатели и сметам дека со оглед на сите податоци што постојат, вакцината засега е единствен излез од оваа ситуација. Затоа би сакала да Ве охрабрам сите кои немате примено вакцина, пред се заради себе, заради вашите блиски и сите во околината, да ја примите што е можно побрзо бидејќи повторно се соочуваме со големи бројки секојдневно, рече Ѓоргиевска.

Министерот Филипче уверува дека има доволно вакцини. Со донацијата од Полска, во земјава има вкупно 470 илјади вакцини „Фајзер“ и 20 илјади „Астра Зенека“, а се очекува и донација од Италија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This