ЗДРУЖЕНИЕ ,,ХЕНДИКЕП ПЛУС”: Владата ќе ни ги скрати правата на нас, лицата со хендикеп

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не само што не им помага, туку со новите законски измени им одмага на лицата со хендикеп. Со Нацрт-измените на Законот за социјална заштита Владата на лицата со хендикеп ќе им ги скрати правата, велат од здружението „Хендикеп-плус“.

-Ние како претставници од невладини организации кои се занимаваат со оваа проблематика посочуваме на неколку суштински измени во законот кои се на штета на лицата со хендикеп. Пример член 53-Лице кое користи надоместок заради попреченост истовремено не може да користи и надоместок за помош и нега од друго лице.

Член 78-Корисник на услугата помош и нега во домот која се реалзиира со надоместени трошоци од ЦСР истовремено не може да користи услуга лична асистенција. Така, доколку се одлучат да ја користат услугата за персонален асистент за домашни услови, лицата со хендикеп ќе треба да се откажат од додатокот за туѓа нега. Истиот изнесува 4.400 денари.

Владата со ова сака да ни ги земе парите кои што законски ни следуваат. Доколку пак лицата со хендикеп се одлучат да користат персонален асистент за секојдневни активности, ќе треба да се откажат од половина од сумата за додаток за мобилност кој изнесува 7.090 денари. Значи повторно Владата крати од граѓаните на кои помошта им е најпотребна. Имено за мерката персонална асистенција беа потрошени големи пари од страна на Светска банка и европските фондови. Новите законски измени се спротивни на Конвенцијата за правата на лица со хендикеп која што РМ ја ратификуваше во 2011.

Почитувани, Како со непочитување на правата на граѓаните, односно правата на лицата со хендикеп ќе се стремиме кон едно општество за сите ? Срамно е доколку некој побара персонален асистент да ги изгуби средствата за туѓа нега и мобилност.

Царовска -итно бараме стопирање на процесуирањето на овој закон каков што е, бидејќи по редот на нештата прво се отвара јавна дебата кајшто ќе бидат вклучени лицата со хендикеп, нивните организации како и родителите на децата со хендикеп. Закон како ваков не е добар со новите предложени реформи.

Иститот нема да обезбеди социјална заштита и сигурност за лицата со хендикеп. Не е добро државата да ги условува надоместоците, особено во услови кога имаме економска сиромаштија кај лицата со хендикеп. И се прашуваме зошто е формираното националното координативно тело за имплементирање на КПЛХ кој е под директен надзор на премиерот Заев, а истото молчи по нацрт-законот кој е спротивен на КПЛХ. (член 5 и член 28), порача Бранкица Димитриеска од „Хендикеп плус“, во име на лицата со хедикеп.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This